Monday, December 23, 2013

Фустан кој може да се носи дури на 50 начини (фото)

Да се пронајде совршен фустан кој можете да го носите на разни случувања - пречек на Нова година, излегување на љубовен состанок, па дури и на работа - не е ниту лесна ниту евтина задача
Токму тоа беше мисијата на дизајнерката Надиа Тар, која креира фустан кој може да се носи дури на 50 различни начини.
Оваа дизајнерка тврди дека нејзиниот фустан Butter by Nadia е идеално решение за секоја модна криза.
Фустанот оди во различни должини и бои,а благодарение на лентите може едноставно да се трансформира. Лентите можат да се врзат на различни начини околу половината или вратот и така да се создаде фустан со различни стилови.
Фустанот е направен со помош на рајон (вештачка свила) и спандекс, поради што фустанот ја задржува својата форма, квалитет и удобност.
Поради растегливиот материјал, тој се нуди во една универзална големина.
Надиа Тар е бивша танчарка и кореографка, а нејзините претходни модели фустан ги носеле Сара Џесика Паркер и Наоми Вотс.

На сликата се прикажани 12 најпопуларни начини на носење на фустанот, гледано однапред и одзади.

Фустани за матурантки

Како и секоја година, па така и оваа година се прославува матура. Крај на средношколските денови. И се разбира сите се под дилема што да облечат, за да изгледаат совршено и да бидат во центарот на вниманието на забавата. Бидејќи девојките се под навистина голема дилема за што да облечат на забавата, тука сме ние за да им помогнеме...

Еве некои примери како можете да се облечете за матурската забава. Елегантно, убаво и модерно ... Но, можете да се облечете и едноставо, сепак да бидете во центарот на вниманието:



















Се надеваме дека овие креации Ви се допаднаа и дека веќе имате идеја како да се облечете за матурсакта вечер!! 

2013 е година на модната слобода

Додека сè уште уживаме во топлите капути, марами и високи чизми, пролетта која ни претстои ќе биде многу позабавна од минатата. Дозволени се многу бои, комбинации на материјали, како и животинските и цветните принтови.
Прв и незаменлив тренд е токму смарагдната боја. Ревиите уште на почетокот на оваа година беа преплавени со најразлични нејзини нијанси и комбинации, кои не останаа незабележани. Во комбинација со црната и белата, настануваат неверојатни вечерни комбинации, додека заедно со земјените неутрални нијанси, е одличен избор за дневниот изглед.
Уште едно враќање на модната сцена имаа и макси фустаните, во весели бои и уникатни шари. Романтични, лежерни и задолжителни за оваа пролет.
Цветните шари не се задолжителни само за макси фустаните или здолништата, туку за било кое пролетно парче облека. Цветовите се уште еден хит кои ќе започне да се носи со првото појавување на пролетното сонце, па затоа одберете некој интересен целосен комбилизон или пак мини фустан за вечерните забави со уникатна цветна шара.
Широки блузи и кошули се последниот тренд со кој оваа пролет ќе може да експериментирате. Заедно со панталони со висок струк во пастелни бои и интересни аксесоари, како на пример украсените јаки, ќе изгледаат неверојатно.Пред сè одбирајте комотни, шарени и весели парчиња облека и не заборавајте да ги комбинирате со многу вкус. Експериментирајте со мешање на принтовите и шарите. Не ги заборавајте впечатливите аксесоари и можете да кажете дека сте подготвени за пролетта која следи.









Магијата на широките и топли џемпери (фото)

Има ли поубаво чувство од тоа да го облечеш омилениот топол џемпер кога температурите се спуштиле под нулата? Спојте го со омилените тесни фармерки или здолниште и добивате удобна и лежерна комбинација на која никој нема да остане рамнодушен.

Кога станува збор за плетката, бојата, дезенот или моделот, оваа зима имате одврзани раце.Аксесоарите се клучните додатоци кои можат да ја развеселат секоја модна комбинација, па така и оваа.Тесните фармерки или здолништа и широкиот џемпер се одлични во комбинација со високи чизми, шпиц потпетици, широки или плик чанти зависно од пригодата, топли капчиња и есенски шешири, големи и впечатливи огрлици, прстени, бразлетни...















Wednesday, December 4, 2013

Стилот на Миранда Кер (фото)

Миранда Кер, позната како најслаткиот и во исто време најсексапилниот ангел на Викторијас Сикрет, секојдневно воодушевува со својата умешност и умереност кога станува збор за сопствениот стил.
Таа е модна икона, инспирација на многу млади девојки и доказ дека секој може да изгледа одлично доколку има вкус и желба.
Миранда не е како повеќето девојки и модели од елитата, таа носи достижни марки и парчиња облека за секоја девојка, па затоа е совршена модна инспирација за оние кои сакаат да ја негуваат едноставноста.
За оваа година, Миранда го доби престижното реноме „Манекенка со најдобар стил” од секоја модна блогерка, дизајнерка и љубителка на модата.